БЕСА за прв пат ќе има претставник во ДИК
БЕСА која на парламентарните избори освои 5 пратеници за прв пат ќе има свој претставник и во Државната изборна комисија како нова релевантна партија од албанскиот блок во Македонија.
На местото на Бедредин Ибраими од ДПА доаѓа најверојатно Ермира Асани Салија која е член на централното претседателство на движењето БЕСА. Ова ќе се реализира преку измените на Изборниот законик за реално претставување на соодносот на силите во Собранието.
Да потсетиме дека ДПА има само двајца пратеника во македонското собрание, додека пак Ибраими е осомничен од СЈО за изборни нерегуларности. За законот предложен од владејачкото мнозинство и опозицијата, гласаа 77 пратеници.
ДИК е формирана од членови кои се независни, членови по предлог на политичките партии и натпартиски претседател.
Слично
