Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА вети ренесанса во Тетово и промена на власта

БЕСА вети ренесанса во Тетово и промена на власта

Движењето БЕСА партиската предизборна конвенција ја одржа на градскиот плоштад во Тетово каде кандидат е лидерот Билал Касами кој вети подобрување на инфраструктурата и хигиената на градот, многу работа по победата, како и промена на власта во повеќе општини.

Тие што владееја до сега ќе седат дома, а ние ќе дојдеме на власт и ќе бидеме ваши слуги.  Мислејќи на ДУИ, кои во исто време имаа промотивна конвенција во Скопје, Касами рече дека некој таму организира конвенции во луксузни услови, а дека БЕСА ја започнува изборната трка од плоштадот наречен Илирија, додаде тој.

Движењето БЕСА со преземањето на градската власт во Тетово ќе им овозможи на граѓаните на овој град подобар живот, подобра инфраструктура, подземни паркинзи, нема да има загаден воздух и диви депонии.

Касами истакна дека со доаѓањето на БЕСА на локална власт ќе престанат заканите кон граѓаните.

Од тетовскиот плоштад БЕСА ги промовираше своите кандидати за градоначалници на престојните локални избори.


Слично

Поврзани вести