„БЕСА ТРАНС“ БИЛА РЕГИСТРИРАНА ВО ЌУСТЕНДИЛ - според бугарски медиуми, управител е Аздрен Зумбери
Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми. Тие за ова се повикуваат на проверка која била направена во Трговскиот регистар.
Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.
Слично
