Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА се уште не знае дали ќе гласа за новиот закон за јазици

БЕСА се уште не знае дали ќе гласа за новиот закон за јазици

Опозициската албанска партија БЕСА, сè уште нема одлучено како ќе гласа за предлог-законот за јазиците кој предвидува проширување на употребата на албанскиот јазик и на заедниците со над 20%. Пратеникот од ова партија, Зекирија Ибрахими, вели дека сè уште се анализира предлогот, кој според него не значи официјализрање на албанскиот.

БЕСА беше партијата која и во текот на кампањата и по неа бараше „редефинирање“ на Република Македонија и официјализирање на албанскиот јазик како службен. 

Предложениот закон барем во почетната основна форма доби доста негативни критики од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која смета дека ова е вовед во двојазичност и менување на уставните начела на мала врата, а се побунија и членовите на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ бидејќи не биле консултирани и не се спровела поширока јавна дебата.

За одредбата, јазикот кој што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, да се користи и на униформите на полицијата, пожарникарите и здравството, се чека стручно мислење од Венецијанската Комисија.


Слично

Поврзани вести