БЕСА се буни затоа што на оглас на министерство за култура се бараат Македонци
Опозициската БЕСА упати реакција по огласот на Министерството за култура на Република Македонија за вработување на две лица при што било наведено дека треба да бидат ‘‘Mакедонец/Mакедонка’’. Станува збор за пополнување на работните места омошник-раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник-раководител во секторот за културно наследство
„По доаѓањето на власт на новата влада, која – меѓу друго- зеде и значителен број на албански гласови – никој не очекуваше државните службеници да бидат примени поради етничката припадност, освен во случаите кога треба да се почитува правичната и пропорционалната застапеност на незастапените заедници. Затоа, Движењето БЕСА смета дека ова е скандал кој потврдува дека речиси воопшто не е променето едноумието и дека продолжува стариот терк на дискриминација“, се вели во соопштението.
Тргнувајќи од ова Движењето БЕСА бара овој конкурс да биде откажан или да се сменат условите за прием на државните службеници, не специфицирајќи ја етничката припадност, туку само познавањето на јазиците, бидејќи ова оневозможува еднаков натпревар за сите граѓани на Република Македонија за работно место.
