Беса: СДСМ и ДУИ се пријавени за вршење притисок над пратеници
Беса побара од актуелната власт на СДСМ-ДУИ да врши притисокот, како што велат од партијата, од сите форми врз нејзините пратеници, а за ова прашање е информирана и меѓународната заедница, порачуваат од таму.
„Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Македонија се во опасност“, гласи во соопштението на Беса по одржаното централно претседателство.
Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели, се додава во еден од заклучоците по одржаниот состанок на партијата.
Беса излезе од владеачкото мнозинство, но пратеникот Кастриот Реџепи одби со своето присуство да направи кворум во Собранието и да се изгласа недоверба на Владата.
