Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА пред дилема, денес одлучува: Ќе биде во Влада или не!

БЕСА пред дилема, денес одлучува: Ќе биде во Влада или не!

Движењето БЕСА денеска до 14 часот треба да одлучи дали ќе влезе во владата на Заев или не.

Доколку партијата на Билал Касами одлучи да дејствува како дел од владата, тогаш можно е да се очекува СДСМ да го поднесе предлогот за состав на новиот владин кабинет уште денеска, брифираат партиски извори за дел од медиумите.

БЕСА бара да се почитуваат нивните принципи, односно во идната влада да нема лица кои се осомничени и декларацијата на албанските партии да биде дел од владината програма.

Сепак, мандатарот не го прифаќа нивното барање за редефинирање на државата, со што и потпиша гаранции пред да добие мандат од Иванов дека уставот нема да се чепка.

Заев и на вчерашниот Конгрес посочи дека Македонија останува унитарна држава.

Пред нас е нов ден, што ќе ни донесе останува да видиме и да бидеме трпеливи.

Слично

Поврзани вести