Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беса потврди: Не одиме на лидерската на Ковачевски за спас на ДУИ

Беса потврди: Не одиме на лидерската на Ковачевски за спас на ДУИ

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, денеска соопшти дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба во Собрнаието на иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот на опозициската партија објави дека Беса нема д аучествува затоа што нема да се разговара за промена на терминот „20 проценти“ во Уставот.

„Една од главните европски вредности е познавањето на јазикот на еден народ, што не е случај ниту во Северна Македонија каде албанскиот јазик се уште е познат со погрдни термини како 20%. Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е формалност, за да се спаси ДУИ од обврската да седне на „Масата“ на претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализацијата на преземените обврски со договорот, во кој услов е внесувањето на албанскиот јазик во Уставот на државата.

Албанците се автохтони во оваа држава и не дозволуваме да бидат третирани со погрдни термини како 20 перценти. Затоа, Движењето БЕСА нема да учествува на средбата што ја свика премиерот Ковачевски, кој ја игра играта и улогата на спасител на ДУИ“, се вели во дел од соопштението кое го лиферува Касами.

Освен Касами, од претходно е познато дека на денешната средба во Собранието нема да учествува ниту Димитар Апасиев, лидерот на Левица.


Слично

Поврзани вести