Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА ПОДНЕСУВА ПРИГОВОРИ: Може да му земе пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во двојката?

БЕСА ПОДНЕСУВА ПРИГОВОРИ: Може да му земе пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во двојката?

До 14 часот во ДИК нема стигнато ниту еден приговор од политичките партии во однос на изборните единици .

Меѓутоа, од движењето БЕСА најавија дека ќе поднесат приговори за изборната единица 2 каде што сметаат дека ќе добијат уште еден пратеник доколку истите се прифатат а ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби еден мандат.

Од таму објаснуваат дека разликата меѓу БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ е околу 200 гласа, а ако ДИК ги прифати приговорите, БЕСА во ИЕ 2 ќе има двајца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ место девет, ќе има осум пратеника.

„Разликата во втората изборна единица е само 200 гласа. Се уште правиме анализи бидејќи имаше разлики во бројките на сајтот на ДИК. По изборни единици гласовите се внесени правилно, но бројката во вкупна сума не е точна. Зошто ова се јавува не знаеме. Имаме информациите дека во два записници од едно избирачко место има различни податоци“, вели Кастриот Реџепи од БЕСА.

Приговорите што ќе ги поднесат се однесуваат на групно гласање, гласање за друго лице, притисоци, обиди за бугарски воз, полнење кутии.

Слично

Поврзани вести