Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА остана во рацете на Касами - Што ќе прави бунтовничкото крило?

БЕСА остана во рацете на Касами - Што ќе прави бунтовничкото крило?

Биљал Касами и со судска одлука останува претседател на партијата БЕСА, или барем на делот од движењето кој не се побуни против него барајќи вонреден конгрес за избор на нов лидер.

Во судската постапка е одлучено дека одлуките на Африм Гаши, Кахремани и останатите кадри кои поставија барања за смена на Касами при што со одвојување на повеќе партиски ограници успеаја да одберат нов претседател. 

„Движењето Беса е едно, а тоа сме ние. Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците“, изјави Касами по соопштување на судската одлука.

Досегашниот претседател ги повика сите сопартијци, дел од нив и манипулирани да се вратат во БЕСА каде им се отворени вратите.

Засега е неизвесно дали издводеното крило на БЕСА ќе се преименува во нов политички субјект или ќе прифати да се врати во партијата под една капа.


Слично

Поврзани вести