Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА нема проблем со СДСМ, но има со ДУИ - Хоџа кажа како ќе гласаат

БЕСА нема проблем со СДСМ, но има со ДУИ - Хоџа кажа како ќе гласаат

БЕСА сака да ја тргне ДУИ од власт. 

Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа изјави за Алсат дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ. 

Тој  за премиерот Зоран Заев вели дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Македонија во евро-атлантските процеси. 

Хоџа изјави дека, ако во четврток не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, тогаш БЕСА ќе излезе од владејачката коалиција. 

Во емисијата „200“ на Алсат, тој кажа дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на БЕСА е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.

Дали ќе падне Владата, ова е тема која ги засега не само граѓаните на Македонија, но и соседите. Тие будно ја следат состојбата и го споменуваат почитувањето на Договорот од Преспа. Сите чекаат каков ќе биде исходот во четврток. 

Фото: МИА

Слично

Поврзани вести