Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беса: Македонците не траба да стравуваат од министер за култура - Албанец

Беса: Македонците не траба да стравуваат од министер за култура - Албанец


Откако отпадна изборот Заќирија Ибраими да биде нов министер за култура, како ново име за оваа функција движењето Беса пред неколку дена го предложи Асаф Адеми. Останува на Владата и премиерот Зоран Заев да одлучат дали ќе го прифатат новиот предлог на партијата.

Од Беса тврдат дека етничките Македонци не треба да стравувцаат од тоа што министер за култура ќе биде Албанец.

„Движењето Беса, потсетувајќи дека министерските позиции се политички функции, останува отворено за дијалог со сите политички и невладини фактори во земјата, како и подготвено да разговара и комуницира за сите, додека министерот за култура ќе биде токму новиот албански дух што сакавме да го донесеме ние по падот на режимот. Тој ќе биде подготвен да ги сослуша сите предлози, жалби, сугестии и критики од јавноста, без оглед на етничка припадност, сето ова со цел да се произведат вистински културни вредности за доброто на сите граѓани и на земјата воопшто“, рече гласноговорникот Флорина Емини.



Слично

Поврзани вести