Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА: Кога СДСМ ќе го добие мандатот ќе ги кажеме забелешките за програмата на Заев

БЕСА: Кога СДСМ ќе го добие мандатот ќе ги кажеме забелешките за програмата на Заев

Откако опозицијата вчера ја претстави програмата на владата која чека мандат, од движењето Беса се јавија со мислење околу истата.

Имено од БЕСА велат дека програмата е рамка која треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците како втор поголем народ во Македонија.

„Движењето БЕСА во оваа фаза ќе се воздржи од коментар на деталите од претставената програма од СДСМ, бидејќи сè уште е не е деблокирано доделувањето на мандат за претседателот на СДСМ, што е процес кој создава можност за отпочнување на преговори за создавање на влада. Затоа дотогаш нема да коментираме, а откако ќе му биде доделен мандатот, и ние ќе се изјасниме со забелешки и сугестии, сè со цел да се постигне една сеопфатна владина програма, секако со надеж дека тоа ќе се случи“, се вели во соопштението од Движењето БЕСА.

Тие истакнуваат дека и понатаму имаат разлики со СДСМ во однос на толкување на уставните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик.

Слично

Поврзани вести