БЕСА кани на средба на лидерите на политичките партии, ДУИ засега „го расипува“ планот
Движењето Беса ги кани на заедничката маса лидерите на албанските парламентарни партии. Тема на разговор треба да биде правно-уставниот статус на Албанците во Македонија и усогласувањето на ставовите за отстранување на фамозните „20 отсто“ од највисокиот правен акт.
Потпретседателот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, рече дека очекува одзив на сите партиски лидери, бидејќи според него, во овој случај не треба да има бојкот.
„Во име на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, ќе испратиме покана до сите албански политички партии за заедничка средба на којаќе се разговара за унапредување на законско-уставните права на Албанците во Северна Македонија. Исто така, на оваа средба ќе биде предложена дискусија за градење заеднички став на албанскиот политички фактор во земјава во однос на уставните измени кои мора да се случат многу брзо и преземање конкретни чекори за отстранување на погрдничкиот термин „20%“ и негово замена со терминот албански јазик“, рече Аријанит Хоџа, заменик претседател на Движењето Беса.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Осман навести дека ДУИ можеби нема да учествува на оваа средба. Запрашан за повикот на Движењето Беса, Османи рече дека „20 отсто“ не треба да биде етничка агенда, туку процес кој се постигнува како резултат на социјална и политичка зрелост.
„Не гледам никаков отпор од македонските политички партии кои видоа дека формулата од 20 отсто само поттикна демографска трка која пописот го претвори во политички инструмент, а не во статистичка операција. Не гледам никаков отпор ниту кај македонските, ниту кај албанските партии бидејќи тие разбраа дека оваа проценка е погрешна и дека е дојдено време оваа корекција да се направи во нормален процес на општествена и политичка зрелост. Ако е така, зошто сега да ја земеме оваа тема и да ја претставуваме како етничка тема во која некој ќе ни направи отстапка“, изјави Бујар Османи.
Средбата ќе биде најверојатно следната недела, во зависност од агендата на лидерите и адаптацијата на денот и часот на средбата. Поканите ќе бидат упатени до лидерите на ДУИ, Алијанса, Алтернатива и ДПА. Заедничката декларација на албанските политички партии содржи 7 точки, додека првата точка се однесува на јазична и етничка еднаквост.
Последната средба на партиите потписнички на Заедничката декларација требаше да биде во јули 2017 година. Тогаш првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, упати покани, но таа беше бојкотирана од албанските партии.
