БЕСА и ДУИ поддржани од СДСМ „егал“ во Чаир
Според неофицијални информации од партиските штабови на БЕСА и ДУИ кои имаат поддршка од СДСМ во Чаир битката е една од најнеизвесните на територија на Република Македонија.
Кандидатот за градоначалник на БЕСА Зекирија Ибрахими има десетина гласа предност во однос на Висар Ганиу кандидатот на ДУИ зад кој застана и СДСМ. Првичните неофицијални резултати говорат дека односот е многу тесен, односно БЕСА има 1049 гласови, а ДУИ 1033 гласови.
По пребројување на повеќе податоци и официјализирање од ДУК ќе имаме поголема претстава за состојбата и дали тоа трката ќе заврши вечерва или пак ќе продолжи во вториот круг.
Слично
