Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беса го распушти Централното претседателство - што понатаму?

Беса го распушти Централното претседателство - што понатаму?

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во иднина партијата да биде дел од процесот почнат за спојување на повеќе политички партии во партијата „Вреди“ (ВЛЕН) како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва во партиското седиште во Тетово.

„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на „Вреди“ и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат „Вреди“. Во оваа прилика Собранието го овласти мене како претседател да продолжам да со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка за спојувањето во еден субјект со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот на волјата на гласачите на „Вреди“ и сите Албанци“, истакна Биљал Касами, претседател на Беса.

На состанокот на собранието била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата, рече Касами. Тој пренесе дека членовите на Собранието ја поддржале неговата изјава дека Движење Беса има капацитет за многу повеќе работа, отколку што е сработено досега.

foto Facebook/Bilal Kasami

Слично

Поврзани вести