Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА го игнорира албанскиот блок кој повторно се собира на средба

БЕСА го игнорира албанскиот блок кој повторно се собира на средба

Партиите од албанскиот блок повторно се собираат на средба во Собранието.

БЕСА ги бојкотира бидејќи останатите партии се однесуваат нетранспарентно и не ја брифирааат за она што е договорено да биде дел од владината програма, тврдат од партијата.

„Тие не го испочитуваа онаа што се договоривме. Концептот не беше тој кога ја потпишувавме декларацијата, а освен тоа Беса нема информација што од таа платформа е дел од владината програма, а што не. Затоа ние одлучивме да не бидеме дел од таа среба“, посочи Африм Гаши од Беса.

Гаши потенцира и дека целосна енигма е и нацрт-законот за јазиците и дека нема да дадат поддршка без да знаат за какво законско решение станува збор.

Средбата на албанските партии за албанската платформа е на иницијатива на пратеникот Весел Мемеди од НДП.

Слично

Поврзани вести