Беса доби покана од министерството за правда
Движењето Беса потврди дека добило покана од Министерството за правда да се вклучат во преговорите за Законот за јавното обвинителство, односно за иднината на Специјалното обвинителство, со цел да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, откако не се најде заеднички јазик по двата обида со ВМРО-ДПМНЕ.
"Ние го кажавме нашето мислење дека СЈО не ги исполни очекувањата што ги имаме како политичка партија. Со неколку резултати и селективна правда во однос на темите што ги следевме, ние цениме дека со овие законски измени ништо во суштина нема да се промени. Како можеме да очекуваме дека сега со вклучување на СЈО во редовното обвинителство може да се смени нешто. Прашањето сега е повеќе политичко. Ние ќе ги кажеме нашите забелешки. За нас е многу важно да се добие уверување дека почетните цели на СЈо ќе се исполнат", одговорија денеска од Беса.
Не е познато дали ваква покана добила и Алијансата за Азлабнците, втората опозициска партија од албанскиот политички блок во Собранието.
