БЕСА бара редефинирање на судството за да нема двојни стандарди кон Албанците
БЕСА ќе ги поддржи реформите во судството и бара негово редефинирање за повеќе да не се суди на штета на Албанците во Македонија.
Недозволиво е судовите да применуваат двојни стандарди, да ги затвораат Албанците во политички монтираниот случај „ Монструм“ и оние кои протестираа против тој случај и кршеа прозорци на судовите, а за Македонците кои демострираа и влегоа во Собранието на РМ да има само домашен притвор, рекоа на денешната прес конференција од Беса.
Движењето Беса смета дека на овој неправеден систем му треба итно и целосно редефинирање, за да се врати професионалноста и за да се стават на одредени позиции соодветни луѓе кои нема да судат врз етничка и верска основа.
Ние
инсистираме да се формира еден систем што ќе воспостави современи стандарди
во администрацијата на правдата и конечно со неговото редефинирање ќе го
искорени комунистичкиот менталитет на функционирање во поранешната
Југославија, во однос на Албанците, истакна Блерим Сејдиу од движењето Беса
