Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бес кон Цароска - Зошто потпиша Меморандум со тие што непочитувале Закон?

Бес кон Цароска  - Зошто потпиша Меморандум со тие што непочитувале Закон?

Министерката за труд и социјална политика најверојатно имала искрени намери при потпишување на Меморандумот со Комора на извршители да не им се блокираат сметки на граѓана кои се приматели на социјална помош, но целава оваа помпа е апсолутно непотребна бидејќи и онака извршителите се законски обврзани да преземаат таков вид на постапки.

Повеќе граѓани и здруженија кои јавно се спротиставија на извршителите во Македонија тврдат дека се блокираат сметки на самохрани родители, на деца кои се без родители, на приматели на социјална помош, како и воопшто на многу сиромашни граѓани кои се во социјален ризик, а притоа освен долгот треба да платат и за услуга и награда за самиот извршител кој го водел предметот, административни, а некогаш и судски трошоци и давачки.

Професорката Мирјана Најчевска посочува дека Меморандумот е вишок, бидејќи едноставно треба да се почитува актуелниот закон, не само затоа што е повисок правен акт туку затоа што ги поседува сите елементи за заштита на социјалните категории, а исто така за држава во која мора да има владеење на право извршителите треба и да бидат принудени да го почитуваат законот, а не ако претходно го прекршувале сега со потпишување на еден лист хартија со министерката Цароска практично да добијат еден вид помилување.

„Малку не ми е јасно ова со потпишувањево на меморандумот. Мене ми изгледа дека е потпишан меморандум со кој извршителите велат дека од сега ќе го почитуваат законот? Зошто едноставно не се казнат извршителите кои не го почитуваат законот? Мислам дали со некој крадец се потпишува меморандум со кој крадецот дава чесен збор дека од денес нема да краде“, прашува професорката Најчевска.

Според Законот за извршување (Сл. Весник на РМ, бр.72 од 12.04.2016 година), член 116, од извршување се изземени:

Изземени се од извршување:

1) примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради
нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и
надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
2) примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за
инвалидското осигурување;
3) примање врз основа на права на парична помош од социјална заштита;
4) примање врз основа на привремена невработеност;
5) примање врз основа на додаток на деца;
6) примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;
7) примање на питомци на Воената академија;
8) надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, освен за побарување врз
основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета
предизвикана со кривично дело на осудениот;
9) примање врз основа на патни трошоци и
10) средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот согласно со членот 36 став (5) од овој закон.

Како тоа ќе му блокираат сметка на примател на социјална помош ако е социјалната помош изземена од извршување?
Доколку извршителот не води сметка за ова и ја блокира сметката на лицето кое може да биде подведено под било која од овие категории, тој го прекршува законот.

Според членот 117

(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа - до износот од една третина на платата или пензијата.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член се применува и врз примањата на лица во резервниот состав на армијата и полицијата.
(3) Извршувањата врз примањата на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, може да се спроведе само за побарувања врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради

И за ова ќе потпишат меморандум во кој ќе се заколнат дека нема да го кршат законот?

Според член 5

(1) Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
(2) При спроведување на извршувањето извршителот е должен да води сметка за достоинството на личноста на странките, учесниците во постапката на извршување и нивните семејства, како и за тоа извршувањето да биде поповолно за должникот, анализира Најческа.

Реагираше и Ана Глигорова од здружението на граѓани кое започна да собира потписи за укинување на извршителите во Македонија поради непринципиелното работење особено врз грбот на најсиромашните кои од обични долгови достигнале астрономски суми за да платат.

Некој да и го пренесе на Мила Царовска, министерката за Труд и социјала, следново. Во законот за извршување (член 116) е децидно НАПИШАНО ДЕКА - ИЗЗЕМЕНИ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО СЕ - 4) ПРИМАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА. Каков договор направила денеска со претседателот на Комора на Извршители? Дека ќе се придржуваат до нешто што е старо деценија, а тие го згазиле кој знае колку пати, ама од днес веќе нема? Се зезале мелку?
ДА ПОВТОРАМ - РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ, А НЕ ЕВТИН ПОПУЛИЗАМ ЗА НЕИНФОРМИРАНИ! СРАМ И АРАМ, критикува Глигорова преку социјалните мрежи.

Да потсетиме дека за ова жешко прашање средба во Владата имаше токму од Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ кое на премиерот Заев му го претстави сите проблеми околу работата на извршителите при што беше заклучено дека треба да се развие јавна дебата, како и да се најдат соодветни решенија кои ќе овозможат финансиско стабилизирање на граѓаните.

Слично

Поврзани вести