БЕРЗАТА ДОСТИГНА НОВ МАКСИМУМ - азиските индески со голем скок по најавата на Трамп за царини кон Канада
Берзите реагираа на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп врз Канада, како и најавите за царини на земјите членки на БРИКС, особено Русија и Кина со зголемување на вредноста на индексите и акциите.
Индексот „Стрејтс тајмс“ на Сингапур достигна нов рекорден максимум.
Азиско-пацифичките пазари тргуваа претежно повисоко во петокот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 35 проценти за Канада почнувајќи од 1 август.
Тој, исто така, во четвртокот за NBC News изјави дека планира да воведе генерални тарифи од 15 или 20 проценти за повеќето трговски партнери.
„Мислам дека царините беа многу добро прифатени. Берзата денес достигна нов максимум“, изјави претседателот за водителката на „Meet the Press“ Кристин Векер во телефонско интервју.
Сингапурскиот индекс „Стрејтс тајмс“ се искачи на нов максимум во петокот, означувајќи петти ден по ред со раст.
Акциите на земјата пораснаа за 0,51 отсто достигнувајќи нов рекорден максимум од 4.096 поени до 11:33 часот по локално време во четврток, покажаа податоците на LSEG.
За потсетување, откако пред неколку дена американскиот претседател Трамп го одложи рокот за нови царини до 1 август, најави воведување на царини кон Канада од високи 35 проценти. Закана имаше и кон Бразил, но е поврзана со судењето на Болсонаро.Тој сега ѝ се заканува на ЕУ со нови казнени царини.
- Таа би можела да добие писмо „уште денеска“. Канада веќе доби писмо - кажа Трамп.
Покрај тоа, посебни царини се применуваат за одредени производи, како што се увоз на челик и алуминиум и увоз на автомобили. Кратко по неговите изјави за ЕУ и Канада, Трамп објави царини од 35 проценти за стоки од Канада, што ќе стапат на сила на 1 август.
