Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗА: Акциите на Макпетрол АД Скопје и Алкалоид АД Скопје со милионски промети

БЕРЗА: Акциите на Макпетрол АД Скопје и Алкалоид АД Скопје со милионски промети

Хартиите од вредност на Макпетрол АД Скопје вчера беа најтргувани на Македонска берза.

Акциите на оваа компанија беа во фокус на инвеститорите и со нив беа истргувани 1 702 акции. Нивната просечна цена изнесуваше  27.749,25 денари и остварија вкупно 47.227.220 денари промет.

Со промет 1.446.668 денари се запиша и акцијата на Алкалоид АД Скопје и со неа беа истргувани 263 акции преку 12 трансакции.

Вчерашниот ден на берза го одбележаа три блок трансакции од кои две беа со акциите на Скопски пазар АД Скопје и со нив се истргувани  197 акции по цена од 14.550 денари.

Со хартиите од вредност на Козјак Куманово беше реализирана третата блок трансакција. Со неа беа истргувани 5.420 акции по 250 денари.

Слично

Поврзани вести