Берово утрово најстудено, Гевгелија со температури над нула
Tемпературите утрово речиси во целата држава беа под нулата.
Најстудено било во Берово, -7 Целзиусови степени. Податоците од УХМР покажуваат дека температурите биле -6 во Маврово, Лазарополе -5, Крива Паланка -4, Битола, Прилеп, Крушево, Скопје, Тетово -3, Демир Капија, Охрид, Штип, Струмица, Дебар, Куманово -2, Пожаране, Виница, Претор -1, Скопје, Тополчани, Ѓуриште 0, Дојран 5, Гевгелија 6. Само во гевгелиско утринската температура е позитивна.
Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер и температури од 7 до 17 степени. Во Скопје дневната температура ќе биде 15 степени.
Во среда малку ќе биде потопло со утрински температури од -4 до 5 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури од 10 до 19 степени. Во четврток претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста која што во вечерните часови и во текот на ноќта во североисточните, северните и северозападните предели ќе услови врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени. Во петок во раните утринските часови услови за сосема слаб дожд во северните и североисточните предели, а во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди и температура од 8 до 16 степени.
