Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берово сега има пет активни случаи на коронавирусот

Берово сега има пет активни случаи на коронавирусот

Уште еден позитивен на коронавирусот има во Општина Берово. 

Откако пред повеќе од една недела беа регистрирани три позитивни случаи на коорнавирус, со денешниот нов пациент, како што информираат од Здравствен дом во Берово сега во оваа општина има пет активни случаи.

Сите се во добра здравствена состојба.

„Тројца од пациентите се со семејна анамнеза на Ковид-19, но без симптоми, така што со останатите двајца, вклучително и денешниот нов пациент бројката изнесува 5 активни пациенти. Поради нивната асимптоматичност очекуваме многу скоро повеќето од нив да бидат регистрирани како оздравени“, велат од Здравствен дом Берово.

Оттаму апелираат и понатаму да се почитуваат мерките за заштита од вирусот и задолжително да се носи заштитна маска во затворени објекти.

Од почетокот на пандемијата, денешниот е вкупно деветти позитивен случај со Ковид-19 во Берово.

Во околните  Пехчево, Делчево и Македонска Каменица подолг период нема регистрирани позитивни пациенти од коронавирус.

За 24 часа во земјава има 141 нов случај, една жртва, и 161 оздравени.

Слично

Поврзани вести