Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беровчанецот Александар Черговски се слушнал со семејството

Беровчанецот Александар Черговски се слушнал со семејството

39-годишниот беровчанец Александар Черговски за кого во изминатиот период имаше интензивна потрага стапил во контакт со семејството.

Веста за воспоставениот контакт со Черговски ја соопшти неговиот внук Кирил Черговски кој им се заблагодари на сите кои масовно ги споделуваа објавите за исчезнатиот Александар.

„Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш“, стои во објавата на внукот Кирил Черговски.

Потрагата по пријава од Интерпол од Германија ја вршеше секторот за меѓународна полициска соработка при МВР кои по неколку направени контакти вршеа проверки на неколку локации.

Слично

Поврзани вести