Беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад на 12-годишно девојче
Маж во хотел во Битола извршил полов напад на 12-годишно девојче.
Во Битола ноќеска во 01:45 часот полициски службеници од СВР Битола го уапсија Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од КЗ.
Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Слично
