Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин очекува успешни избори во декември во Македонија

Берлин очекува успешни избори во декември во Македонија

Берлин го поздрави развојот на настаните во Македонија и одржувањето избори во декември. 

Вицепремиерот и министер за надворешни работи,  Никола Попоски денеска во Германија се сретна со претседателот на парламеантарната група за Југоисточна Европа,  Штефан Албани кој го поздравил развојот на политичките состојби во Македонија и извесното одржување на предвремените избори на 11 декември. Попоски денеска се сретна и со други членови на германскиот Бундестаг, Хајнц Визе, Јоханес Зеле, Јохан Вадефул и Никола Јуратовиќ.

„Очекувањето во Берлин секако е успешно спроведување на изборите. На добар пат сме тоа да можеме да го реализираме на 11 декември, а секако потоа ќе треба да се вратиме на оние основни приоритети во политичкиот дел, европската интеграција и во еконосмкиот дел зголемена агресивна присутност за зголемени странски инвестиции за што разговаравме во Берлин“ - изјави  Попоски за МИА по средбите во Бундестагот.

За бизнис односите меѓу Германија и Македонија Попоски во Берлин денеска разговараше и со првиот човек на Комисијата на германското стопанство за Источна Европа, Михаел Хармс. Хармс го потенцираше двоцифрениот раст на трговската размена меѓу Македонија и Германија. Тој најави активности меѓу германските бизнисмени за промоција на Македонја како поволна бизнис дестинација. Смета дека треба да се подобри имиџот на Македонија како земја каде треба да се инвестира. 

Попоски утре во Берлин на покана на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер ќе учествува на министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Посетата на Германија е дводневна. 


Слично

Поврзани вести