Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бербок повика Македонија да не ја испушти шансата и да го прифати францускиот предлог

Бербок повика Македонија да не ја испушти шансата и да го прифати францускиот предлог

Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти, вели германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. 

Таа вели дека сега е време да се оди напред. 

„Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Нивната иднина мора да лежи во ЕУ. Компромисот што го претстави француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не треба да се пропушти“, објави  таа на својот Твитер профил. 

Францускиот предлог е модифициран. ЕУ повика Македонија да го прифати. 

И премиерот на соседна Албанија, Еди Рама повика Македонците и Албанците да го прифатат овој предлог, и дека тој е конечен. 

Францускиот претседател Емануел Макрон добил потврда од претседателот на Бугарија, Румен Радев и од премиерот во оставка, Кирил Петков дека го прифаќаат предлогот кој попладнево пристигна во Скопје.

foto Twitter

Слично

Поврзани вести