Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за 2 денари

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за 2 денари

Од полноќ возачите ќе точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,47 отсто во однос на претходната одлука од 27 април.

Најголемиот удар за граѓаните е кај бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2,50 денари и од 5 мај ќе изнесува 85 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се зголемува за 2,50 денари и ќе чини 87 денари за литар.

Поскапува и дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС се зголемува за 2 денари и новата максимална цена ќе изнесува 93,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар, а мазутот се зголемува за 3,064 денари и ќе изнесува 49,720 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај сите нафтени деривати, кај бензините за 5,324 отсто, кај дизелот за 2,817 отсто, кај екстра лесното масло за 3,394 отсто и кај мазутот за 8,305 отсто. Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 5 мај 2026 година.

Слично

Поврзани вести