Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензините поевтинуваат за два и дваипол денари, регулаторна со нова одлука

Бензините поевтинуваат за два и дваипол денари, регулаторна со нова одлука

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во однос на претходната одлука.

Со измената малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалуваат за 2,50 денари за литар, додека на Еуросупер за 2,00 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. 

Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС - 98 101,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)

Слично

Поврзани вести