Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бенефициран стаж за шумската полиција

Бенефициран стаж за шумската полиција

Заменик генералниот директор на ЈП Национални шуми, објави дека вработените во Шумската полиција добиваат бенефициран стаж. Истата вест ја сподели и Мартин Ефремов.

„Преубава вест е што бработените во Шумската полиција конечно добија бенефициран стаж. Шумската Полиција од самото нејзино формирање го заслужуваше ова, но, во изминатиов период ниту едно раководство не сакаше ова битно прашање да го реши иако истото стоеше на масата на сите“, напиша Михаилов.

Истата информација ја сподели и Мартин Ефремов претседател на Независниот синдикат на полицијата - НСП.

„Честитки за големиот успех на колегите од шумската полиција кои останаа доследни на Независниот синдикат на полицијата. Опстоија храбро во идејата за израмнување на правата и должностите со колегите од МВР, за денес конечно тоа да се оствари.

Покрај сите кочничари на процесите, таканаречени синдикалци и не искрени политичари кои не можат да се помират со статусот кои НСП го има денес, цврсто газиме напред. Многу скоро и со нов колективен договор во МВР и нов Закон за судска служба.

Она што некој не знаеше или немаше храброст да го направи за да не ги изгуби личните привилегии, во последната година дена решително НСП го прави не како поединци туку како тим, а резултатите се евидентни“, напиша тој.





Слично

Поврзани вести