Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бендевска вели дека има серија пропусти поврзани со бугарскиот клуб во Битола

Бендевска вели дека има серија пропусти поврзани со бугарскиот клуб во Битола

Претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Беневска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија, изјави дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.

„Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека не иззвршвуање на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон“, вели Бендевска.

Во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекршени како и меѓународни инструменти кои Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.

Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола. 

Клубот е отворен лани, а по него Бугарите отворија и клуб во Охрид. Сега е во најава дека бугарски клуб ќе има и во Куманово. 

Слично

Поврзани вести