Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

ЗНАМ има добар кадровски капацитет, изјави потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и пратеничка, Весна Бендевска во Тема на денот на Сител телевизија. 

Таа вечерва изјави дека преговорите со ВМРО - ДПМНЕ за соработка и учество во идната влада се во финална фаза. Бендевска рече дека за ресорите се разговарало врз основа на платформа, стратегиски определби и политички начела.

„Во краток период, условно да кажам,  веќе можеме да кажеме дека во очи на утрешната конститутивна собраниска седница,  преговорите помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза“, рече таа. 

На констатацијата  дека ЗНАМ ќе ги добие Министерството за правда и Министерството за администрација, два ресори во кои покажуваме слаби резултати и и перформанси на државата и каде има значајна потреба од реформи, како и на прашањето дали овие  ресори се предизвик за ЗНАМ, Бендевска одговори дека не разговарале за конкретни ресори. 

Слично

Поврзани вести