Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бендевска и Таравари стануваат министри

Бендевска и Таравари стануваат министри

Пратеничката и носителка на изборна листа од партијата ЗНАМ, Весна Бендевска, ќе биде предлог за нова министерка за правда, објави Телма.

Во преговорите партијата на Максим Димитриевски доби можност да води две министерства (правда и планираното Министерство за администрација).

Бендевска на изборите беше носителка на ЗНАМ во изборната единица 5 и доби доволно гласови со што стана уште еднаш пратеничка во Собранието.

До скоро поранешната пратеничка на СДСМ беше претседателка на Комисијата за спречување и борба против дискриминација. 

Актуелниот градоначалник на општина Гостивар Арбен Таравари ќе биде идниот министер за здравство во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дознава ТВ21.

Кандидатот за претседател на Македонија на последните избори и претходно го има водено овој ресор.

Тој со крилото на Алијанса е партнер на Коалицијата „ВРЕДИ“. Еден е од најпознатите невролози во Македонија.

Доколку актуелниот градоначалник Арбен Таравари стане новиот министер за Здравство, во Гостивар ќе се одржат нови локални избори за избор на нов градоначалник. Или пак Владата ќе треба да донесе одлука со која ќе се пролонгираат до редовните локални избори наредната година, а дотогаш функцијата ќе ја извршуваат заменик-градоначалниците.


Слично

Поврзани вести