Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бендевска: Балансерот дефинитивно се укинува

Бендевска: Балансерот дефинитивно се укинува

Пратеничката Весна Бендевска е категорична дека „Балансерот“ како алатка за правична застапеност на заедниците при вработувањата во јавниот сектор дефинитивно се укинува со доаѓањето на новата власт.

Таа тврди дека ова е иницијатива која ќе се исполни и доаѓа од Движењето ЗНАМ, но и дека за тоа постои консензус во новата мнозинска коалиција.

„Ќе мора да престанат партиските вработувања. Балансерот ќе мора да се укине, зошто? Затоа што балансерот стана антипот на својата првична замисла. Ако првичната замисла беше за застапеност и вработување на помалите политички заедници, сега гледаме дека секој го злоупотребува правото да се произјаснува, од етнички аспект, како сака. Зошто? Затоа што инструментите кои ги гарантираат слободите и правата на граѓанинот им обезбедуваат на секој едно утро да станат и да се чувствуваат како припадник на ромската, босанската, албанската или македонската заедница“, вели Бендевска.


Слично

Поврзани вести