БЕЛИОТ МАНТИЛ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ФИЛИПЧЕ - му порачаа да оди меѓу здравствените работници
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска со нов перформанс насочен кон министерот за здравство Венко Филипче. Од партијата се обратија до јавноста од пред Министерството за здравство. Членот на Извршниот комитет на партијата, Марија Андоновска, му остави бел мантил на Филипче, и порача наместо да шири популизам, да отиде меѓу здравствените работници и пациенти.
„Крајно време е министерот Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото. Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден. Не случајно мантилот е за еднократна употреба. Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други“, рече Андоновска.
фото тв 21
