Белграѓанин со автомобил удрил двајца охриѓани во Будва
Српски државјанин прегази двајца македонски државјани од Охрид во црногорскиот град Будва.
Полицијата распишала потерница по Л.Б.(20) од Белград, кој околу еден час по полноќ, возејќи со голема брзина, со автомобилот удрил во шест пешаци. Повредени се четири државјани на Србија, како и двајца охриѓани. Сите се полесно повредени и префрлени во болницата во Котор, пренесува „Вјести“. Полициска патрола во четвртокот навечер ги блокирале излезите на градот, откако е пронајдено БМВ на патот кај Топлиш, кое Л.Б. го оставил бегајќи од полицијата.
Тој преку Топлиш сакал да замине од Будва, но откако видел дека градот е блокиран, направил уште една сообраќајна несреќа околу 1:20 часот на Јадранската магистрала каде што удрил во Тојота, а потоа и уште неколку паркирани возила, по што излегол од автомобилот и побегнал, пренесува Танјуг.
