Бележиме црни рекорди поради Ковид-19 а нови мерки и рестрикции нема
Без воведување нови дополнителни рестриктивни мерки поради третиот бран на Ковид19 кој моментално вирее во земјава, помина состанокот на Комисијата за заразни болести.
Новите мерки, како посочија од комисијата нема да дадат резултат бидејќи сме на шестата до осмата недела од третиот бран.
И додека надлежните го тврдат погоре напишаното, бројките не запираат. Високи и на нови заразени, но и црни при починати. Само во текот на вчерашниот ден се забележани 1272 нови случаи, додека починале 33 лица.
Засега продолжува полицискиот час, а надлежните побараа од граѓаните да бидат одговорни и да се почитуваат мерките за носење заштитна опремам држење дистанца и негрупирање .
Слично
