БЕЛЕВСКИ ЛИЧНО ДОЈДЕ И ГИ ИСПРАТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Браво за нашите во Белгија
По траорниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, многу од повредените завршија на лекување во клиниките ширум Европа. Белгија е една од земјата, каде Македонците покажаа сполотеност и им подадоа рака на сограѓаните во овие најтешки мигови.
Амбасадорот на Македонија ви Белгија, Методија Белевски, денес објави фотографија од испраќањето на двајцата повредени Петар и Драгољуб, заедно со нивните родители во Македонија. Тие се успешно излекувани.
„По успешно лекување и опоравување, денес ги испративме Петар и Драгољуб и дел од родителите за Македонија. Благодарност до сите наши сограѓани во Белгија кои покажаа силна солидарност и интерес за помош“, напиша амбасадорот.
Слично
