БЕКТЕШИ: Зијадин Села имаше добар слоган „Чисто“, а сега се исчисти од политичката сцена, се враќаат гласачите на ДУИ
Министерот за економија, Крешник Бектеши од ДУИ, вели дека Зијадин Села ќе биде „исчистен“ од политичката сцена.
Ова тој го изјави во гостување на телевизијата Телма, каде се води дебата по повод анализата на резултатите од локалните избори.
„Мислам дека господинот Зијадин Села имаше добар слоган, а слоганот му беше „Чисто“, тој се исчисти од политичката сцена. Сега и другите ќе ги исчистиме. Пополека се враќаат сите гласачи на ДУИ кои ги изгубивме во 2016 година. И убедливо ќе бидеме најголемата партија во албанскиот блок во сооднос 2 спрема еден спрема сите други“, изјави Бектеши.
Слично
