Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКТЕШИ ЗА ИЗБОРИТЕ: Тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика

БЕКТЕШИ ЗА ИЗБОРИТЕ: Тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика

Кој ќе изгуби на изборите да се повлече од политиката. Ваков предлог даде вчера министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Бара партиите што ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката. Ги повика сите политички партии да се договорат за ова прашање, откако го прашаа дали претседателот на ДУИ, Али Ахмети, би се повлекол од партиската функција доколку ДУИ биде поразена на следните избори.

„Тоа е прашање за господинот Ахмети, но еве, повикувам да направиме договор, ако сакаат и јавно да потпишеме договор меѓу сите политички партии – тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата, нека повелат сите политички партии, вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ и другите партии. Но, зошто ова не би се случило, затоа што овие т.н. лидери на политички партии – тоа не важи само за македонската опозиција, туку и за другите лидери – сите изгубиле избори не еднаш туку повеќепати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил и нема да изгуби избори“, рече Бектеши.

Претседателот  на СДСМ, Димитар Ковачевски објасни дека не ја слушнал изјавата и не може да коментира. Ковачевски рече дека откако е тој во партијата, СДСМ и губела и победувала на избори.

Слично

Поврзани вести