Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши вели дека ако одат на избори ќе имаат 18 пратеници

Бектеши вели дека ако одат на избори ќе имаат 18 пратеници

Според министерот за економија, Крешник Бектеши ако одат на избори ќе имаат 18 пратеници. 

Тој вели дека на ДУИ им е во интерес да одат на избори. Ова го изјави синоќа на гостувањето во Телма телевизија. Тој  ја коментираше информацијата што ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека има ново ново парламентарно мнозинство.

„Но, во моментов на државата и треба стабилност, треба да се завршат некои крупни работи, како спорот со Бугарија, да се продолжи европскиот пат и ДУИ нема да направи никакви отстапки од евроинтеграциите на нашата држава“, рече Бектеши.

ДУИ е во контакт со стартешките партнери, ЕУ, САД и НАТО. 

„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави дека има мнозинство. 

Новото мнозинство има 61 пратеник. 

Слично

Поврзани вести