Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши со селфи ја најави „екскурзијата“ во Албанија

Бектеши со селфи ја најави „екскурзијата“ во Албанија

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави селфи фотографија од патувањето кон Албанија. 

На фотографијата се министрите Оливер Спасовски, Никола Димитров, Хазби Лика, Љупчо Николовски, Бујар Османи, а се гледа и дека се возат во комбе. 

Во Поградец македонската и албанската Влада ќе одржат заедничка средба. 

На заедничката меѓувладина седница ќе се разговара на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка во областа на инфраструктурно поврзување, изградба на Коридорот 8, олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и зајакнување на соработката во областа на безбедноста. 

По завршување на седницата, во 16:30 часот премиерот Заев и неговиот колега  Рама ќе одржат заедничка прес конференција.

Слична фотографија беше објавена и кога македонската и бугарската Влада имаа заедничка седница во Струмица. 

Слично

Поврзани вести