Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши со најголема сума потрошена во ресторани, Димитров најмногу патувал

Бектеши со најголема сума потрошена во ресторани, Димитров најмногу патувал

Откако Владата ја објави интернет алатката за преглед на трошоците кои ги направиле министрите и државните функционери многу е полесен пристапот до информации за потрошените средства. Според нив, Министерот за економија Крешник Бектеши лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство.

Тој за првите шест месеци од владеење како министер направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.

Најмалку пари, или по само околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовски и Горан Сугарески. Министерот за надворешни, Димитров, кој изминатиот период е постојано на патување поради преговорите за шест месеци за угостителски трошоци потрошил само 2,500 евра. Сепак, неговите трошоци значително се зголемуваат ако во пресметката се вклучат и авионски карти, дневници за патување и вип салони на аеродроми.


Слично

Поврзани вести