БЕКТЕШИ: Не целиме кон кантонизација
Kрешник Бектеши од ДУИ во емисијата Дејли Клик на Тв 21 уверува дека партијата нема претензии за регионализација или кантонизација на Македонија, но, како што додава, „не можат да седат со скрстени раце пред игнорантскиот однос и деградирањето на Албанците во Македонија“.
Зборувајќи за предупредувањата за наесен, Бектеши рече дека ќе ги повика сите граѓани, дури и оние кои не го поддржаа ЕФ на изборите, да станат дел од оваа Платформа со давање идеи за подобрување и почитување на легитимитетот. Не се исклучени и протести.
Слично
