Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши информира дека нашле привремено решение за струјата во Арачиново

Бектеши информира дека нашле привремено решение за струјата во Арачиново

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со општината Арачиново и раководството на ЕВН, нашле привремено решение за  снабдување со електрична енергија. 

„Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Трет ден по ред нема струја во поголем дел од Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни вработени се мета на напади. Дефект избил поради диви приклучоци. 

Жители на Арачиново, во придружба на градоначалникот Ридван Ибраими, денеска протестираа пред објектот на ЕВН во Бутел. 

Слично

Поврзани вести