БЕКТЕШИ Е ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК, АЛБАНЦИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СЛОЖУВААТ ЗА НЕПРАВДАТА ШТО МУ СЕ ПРАВИ: Османи за неговиот сопартиец
Бујар Османи на фејсбук се огласи за неговиот сопартиец Крешник Бектеши, кој е во притвор заради фалсификувана лиценца под која работела дискотеката „Пулс“, во која минатата недела се случи пожар во кој животот го изгубија 59 лица, а над десетици беа повредени.
„Крешник Бектеши е политички затвореник и редок случај каде Албанците и Македонците се согласуваат за неправдата што му се прави.
Само скршениот ум и срце може да го провоцира неговото семејство на овој понизен начин.
Некогаш во политиката имаше минимум достоинство - денес некои покажуваат дека го немаат“, напиша тој.
Слично
