Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

Уште 30 дена притвор доби екс министерот за економија, Крешник Бектеши кој е осомничен за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде на 16 минатиот месец загинаа 59 луѓе. Судот одлучи да ја продолжи мерката за Бектеши кој е опфатен со истрагата, поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Одлуката следи по укажувањата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој изјави дека министри за економија, меѓу кои и Бектеши, издавале лиценци за работа на кочанската дискотека врз основа на непотполна и некомплетна документација.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка после пожарот, оди во куќен притвор. По барање на обвинителството, истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, меѓу кои поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето. 

На 16 март во пожарот загинаа 59 луѓе, а потоа починаа уште двајца повредени, додека денеска има уште една жртва, со што бројот на загинати засега е 62. 

Министерството за здравство информира дека во согласност со информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне им подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.

После пожарот, гневните граѓани го демолираа кафулето на газдата на Пулс, а отидоа и пред куќата на Папазов да го изразат револтот. 

Слично

Поврзани вести