Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши до Мицкоски: Северна Македонија е моја колку што e и негова

Бектеши до Мицкоски: Северна Македонија е моја колку што e и негова

Северна Македонија е моја колку што e и негова, му одговара министерот за економија, Крешник Бектеши на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Бектеши беше гостин во емисијата 10 минути на ТВ21 каде му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој вчера го обвини Бектеши за непријателски чин затоа што на новинар во Албанија му рекол дека не е „македонски министер“, туку министер на Северна Македонија. 

„Јас сум Албанец по етничка припадност, тоа е реалноста, бидејќи во Северна Македонија живеат и работат над 600 илјади Албанци, тие се тука, колку што е моја Северна Македонија толку е и на Мицкоски. Како што јас се грижам толку и тој треба да се грижи за Северна Македонија затоа што ова е моја држава, исто колку што е и негова“, вели министерот. 

Тој рече дека не треба да се поттикнува национализам. 

Слично

Поврзани вести