Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беќаровски: Училниците треба да се проветруваат 5 минути по секој завршен час

Беќаровски: Училниците треба да се проветруваат 5 минути по секој завршен час

Секој понеделник да се тестираат учениците и наставниците кои ќе имаат симптоми, предлага доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија. 

Тој вчера на Фејсбук сподели неколку предлози околу тоа како треба да се одвива второто полугодие од учебната година.

Вели сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза), да ја следат онлајн, присуствувајќи физички само при тестирање и оценување.
„За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал. После тоа сметам училниците треба да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час“, предлага Беќаровски.

Вели дека пред почетокот на наставата, за време на големиот одмор и по часовите, треба задолжително да се дезинфицираат сите простории.

„Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава“, додава Беќаровски.

Поради омикрон, почетокот на второт полугодие стартува денеска. 

Слично

Поврзани вести